Заведувајте го секој ден
Да го заведете партнерот воопшто не е лесно, особено ако главата ви е полна со грижи. Покрај секси долна облека, партнерот треба да го освојувате и со карактерот, потребно е да се биде витален, оптимистичен, да се има позитивен став. Тоа е попривлечно дури и од проѕирен фустан или мини-здолниште.
Бидете креативни
Секој ден креирајте интересни ситуации, на пример, подгответе му миризлива купка или пуштете музика што ве отпушта и двајцата, масирајте се и направете заедничките моменти да бидат незаборавни…..
Зборувајте со него
Зборот е идеално средство за комуникација, со кое може да се опише состојбата на духот и емоциите. Разговарајте за себе, за него, за некои нови искуства, за своето тело… Сето тоа придонесува за зајакнување на врската и помага двојката да се поврзе.
Слушајте го
Подарете внимание на партнеровите зборови кои искажуваат радост, страв, ентузијазам, но во исто време и несигурност. Тоа покажува љубов и заинтересираност, грижа и за партнерот, кое е неопходно за еден пар. Секогаш е важно да се најде малку време да го сослушате другиот.
Галете се
Милувањето го стимулира хормонот ендорфин, важен за здравјето, кој отпушта, шири низ телото пријатно чувство и го подготвува за интимни моменти. Милувањето не мора секогаш да заврши со секс, милување на голото тело на партнерот и откривање на сопственоста (женственост и машкост), помага парот да се чувствува соединето.
Бакнувајте се во секоја пригода
Усните се едни од првите и најважни ерогени зони од нашето тело. Од почеток на животот поврзани се со здрави чувства на задоволство. Бакнување на останатите делови од телото претставува чин на соединување и отворање на чувствата.
Смејте се
Заедничките шеги ја зајакнуваат врската. Шегувајте се на своја сметка, бидејќи хуморот е еден од најомилените и најбарани карактеристики кај партнерот. Смеењето носи добра волја и здравје.
Негувајте ја вашата убавина
Немојте да го запоставите сопствениот изглед, бидејќи ако не се чувствувате добро во сопственото тело, тоа ќе допринесе за сексуален притисок.
