Здраво тело

Совети од нутриционист: како да го намалите заморот и да го зајакнете здравјето само преку исхрана

Замор, поспаност, безволност, изнемоштеност, главоболка, вртоглавица и чувство на немање енергија, се карактеристични симптоми на пролетен замор и последица од зимскиот начин на исхрана и намалено движење.

Овие симптоми може успешно да се решат со промена на исхраната.

Витамин Ц

Портокалите, грејпфрутот и лимонот се одлични борци против пролетниот замор, зошто содржат анти оксиданти, кои го стимулираат нервниот систем. Витаминот Ц го има и во пиперките, карфиолот, спанаќот, залката, па овој зеленчук треба да се јаде секојдневно.

Магнезиумот

Црното чоколадо со висок процент какао и мал процент шеќер, сувото овошје и муслите се добар извор на олигоелементи и магнезиум. Од нивниот недостиг имаме грчеви во нозете, болки во мускулите и чувство на изнемоштеност.

Витамин Е

Рибата и морските плодови се богати со витамин Е, па треба да ги имаме на мени барем три пати во неделата. Исто така, рибата треба да консумира почесто и поради антиоксидантите и омега3 масните киселини, кои ги штитат клеточните мембрани и имаат важна улога за мозокот да ни „биде во форма“.

Витамин Б

Пченичните никулции јаткастите плодови, се добар извор на витамини од Б- групата и поволно влијаат на нашиот организам исцрпен од зимската исхрана. Јаткастите плодови изобилуваат и со омега 3 масни киселини, па треба да се консумираат секој ден, но не повеќе од една шака.

Калциум

Сирењето, јогуртот и киселото млеко, се богати со калциум, кој ни е неопходен за здравјето на забите, минерализацијата на коските, превенција од остеопороза и подобро движење. Чаша јогурт и парче немасно младо сирење е корисно да бидат барем еднаш дневно на менито.

Влакна

Храна богата со влакна како интегрален ориз, грав, овес, ‘рж, обезбедува здраво варење и нормална работа на цревата. Го намалува нивото на холестеролот и дава подолго чувство на ситост.

Write A Comment