After Midnight

Стимулирајте ја неговата Г -точка и овозможете му да доживее оргазам од соништата

И мажите имаат своја Г-точка која им помага да доживеат неверојатен оргазам. Научете каде се наоѓа тоа место кое ќе го одведе до лудило!

Ако не сте знаеле, машката Г-точка е простатата. Тоа е жлезда која се наоѓа отприлика пет до седум сантиметри од анусот, на предниот дел од аналниот канал и директно под мочниот меур.

Иако нејзината главна задача е да произведува семена течност и истата да ја излачува во уринарната цевка, простатата не допринесува само за репродукција кај мажите туку може да доведе и до неверојатен оргазам. Масажата и допирањето на простатата некои мажи може да ги доведе до најјакиот оргазам кој некогаш го доживеале, а експертите кажуваат и дека тоа добро влијае врз здравјето на простатата.

Како до оргазам од соништата
Простатата можете да ја стимулирате на два начини: со нежна масажа на перинеумот или преку анусот. За да ви дозволи партнерот да му ја стимулирате простатата на овој начин ќе морате да се погрижите првенствено и двајцата да сте опуштени и навистина желни за нови авантури.

Без висок степен на доверба и позитивен став до овие видови на игри едноставно нема да дојдете. Ако пак имате се од ова, тогаш со среќа!

Напиши коментар