ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
450 милилитри млеко
100 грама ориз
Сол
300 грама јагоди
Пола лимон
150 грама јогурт
1 пакување ванилин шеќер
2 лажички шеќер
Неколку листови нане
100 грама кекси
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете го млекото, додадете го оризот и прстофат сол. На тивок оган варете околу 25 минути со повремено мешање.
Измешајте ги јагодите со ванилиниот шеќер и оставете ги да одстојат 20 минути.
Убаво измијте го лимонот, изрендајте ја кората и исцедете го сокот. Јогуртот и шеќерот убаво измешајте ги и во нив додадете ја изренданата кора и пола од лимоновиот сок. Убаво измешајте.
Добиената смеса додадете ја на оладениот сутлијаш.
Кексите искршете ги во големина по желба. Се препорачува да ги ставите во крпа и со кујнски чекан да ги раздробите на поситни парчиња.
Во повисока чаша редете ред сутлијаш ред јагоди малку кекс и на крај украсете со јагоди и листови нане.
Уживајте во вкусот!!!
