Едноставно мора да го пробате ова ароматично јадење…
Потребни состојки:
– едно пакување лиснато тесто
– 3 лажици намаз од црни маслинки
– 400 гр домати
– 250 гр моцарела
– грст свеж босилок
Подготовка:
Расукајте едно парче од лиснатата кора со димензии 35х20 см. Печете го во загреана рерна на 200 степени околу 8 минути. Извадете ја кората од рерна и прекријте ја со крпа. Пристиснете со рацете како би го истиснале воздухот од лиснатото тесто. Оставете го настрана, и повторете ја постапката со остатокот од тестото. Кога ќе се изалди премачкајте ја кората со намазот од маслинки. Одозгора ставете кругови домати и моцарела. Печете 15-20 минути или додека тестото не се испече убаво. Извадете го тестото од рерна и посолете го со босилок.
