Сите ние понекогаш забораваме дека треба да вложиме труд во врската. Животот станува напорен и тоа се случува. Но доволен е еден отворен разговор за да му кажете на партнерот дека се чувствувате игнорирано, и нештата би требало да се вратат во нормала, советуваат терапевтите.
Не треба да се борите за љубов и внимание. Искажувањето на љубовта треба да ви доаѓа лесно и природно. Постојат стотици работи кои треба да ги правите свесно за да ја одржите врската силна. Но покажувањето љубов и делата кои прават вашиот партнер да се чувствува сакано, не треба да се едни од нив.
Доколку чувствувате дека личноста со која сте во врска не е целосно возбудена и воодушевена што е со вас, зошто да бидете со неа? Знаете дека е возможно да ги имате тие силни чувства за некого, знаете дека тие се вистински и дека постојат. Токму затоа, не прифаќајте ништо помалку од тоа.
Не вреди да останете во врска, доколку не чувствувате дека партнерот вистински сака да биде со вас. И двајцата треба да сте среќни што сте заедно, а ако тоа не е случајот, време е да ставите крај на оваа врска која го троши вашето време и емоционално ве празни.
