Здраво тело

Три домашни работи со неверојатно позитивно дејство

Никој не ја доведува модерната медицина во прашање, меѓутоа се се повеќе од луѓето се ориентираат кон секојдневните домашни средства кои имаат моќ да го подобрат здравјето. Пред вас се неколку на прв поглед бизарни домашни лекови кои навистина делуваат.

Изолир трака за отстранување на брадавици

Студијата на Универзитетот Масачусетс во САД дојде до неверојатни резултати. Имено според нив изолир траката е поефикасна во отстранување на брадавици за разлика од течниот азот. Се прашувате како е можно???… Одговорот е следен …

По 2 месеци секојдневно нанесување изолир трака врз брадавицата и истовремено користење на камен за пети еднаш неделно за да се отстрани мртвата кожа, кај 85 проценти од пациентите брадавиците исчезнале, додека оние кои биле третирани со течен азот покажале 65 процентен успех. Се уште не се знае зашто е тоа така, меѓутоа се претпоставува дека изилир траката го иницира, односно стимулира имуниот систем да ги нападне брадавиците.

Овесната каша ги смирува отоците и црвенилото

Овесот или попознат кај народот како зоб, има неверојатно анти-воспалително дејство. Без разлика дали се работи за каша која се нанесува на отокот или пак како купка ефектот е скоро перфектен. Ако имате оток ставете каша од овес на местото нека постои од 15 до 30 минути и ќе бидете изненадени од ефектот.

Освен што помага при отоци зобот има и антихистамински ефект, го смалува нивото на хистамин причинител на разни црвенила по телото.

Лажичка шеќер против икање

Ако не сте знаеле, една лажичка шеќер и збогувајте се со икањето. Шеќерот при допир со плуканката создава хемиска реакција која пак дава нервни импулси кои ги смируваат мускулите на дијафрагмата, кои се всушност предизвикувачи на икањето.

Write A Comment