20-годишната телевизиска ѕвезда го покажа своето трудничко стомаче на фотографија од забавата на својата пријателка.
Изминатиот петок се појавија гласините за бременоста на најмладата од сестрите Кардашијан, Кајли, која e заедно со своето момче Травис Скот веќе 5 месеци. Ниту таа, ниту нејзиното момче не ги негираа гласините. Таа е фотографирана заедно со своите пријателки, облечена во широка облека која ги прикрива облините.

Ниту останатите членови од семејството Кардашијан не дадоа никаква изјава во врска со бременоста на нивната сестра. Разните медиуми пак тврдат, дека Кајли очекува девојче, и дека нејзиното семејство не е многу среќно поради нејзината бременост. Тие сметаат дека таа е сè уште премногу млада за да има дете и не е подготвена за сето она што мајчинството го носи со себе. Во најновата фотографија која таа ја објави на својот инстаграм профил од забавата на нејзината пријателка, таа носи широка блуза и дискретно го покажува трудничкото стомаче.

