Славната пејачка, актерка и оскаровка Џенифер Хадсон зад себе има успешна кариера, но очигледно не и среќен приватен живот. Џенифер и нејзиното момче раскинаа после 10 години врска.
Од 2008. година, Џенифер доживеала голем пресврт во животот кога поранешниот сопруг на нејзината сестра Џулија ја убил нивната мајка, братот и 7 годишниот внук откако влегол во бурна расправија со семејството.
Неколку години подоцна, таа јавно му простила на убиецот.
– Чувствувам дека Вилијам не е виновен за тоа. Тој не беше ментално здрава личност и не можев да му помогнам. Многу работи испливаа на површина, а за тоа ние не знаевме претходно. Сега ни е јасно дека тој никогаш немал шанса за нормален живот – рекла Џенифер за Вилијам Балфур кој е осуден на доживотен затвор.

Глумицата пронашла утеха во својот вереник, професионалниот борач Дејвид Отанга со кој има и 8 годишен син, но после 10 години врска, парот се разделува и тоа не на убав начин.
Како што пренесуваат странските медиуми, Џенифер побарала и добила забрана за негов пристап до глумицата и нивниот син, а адвокатот на Дејвид вели дека Џенифер глуми жртва.
Нивните роднини биле изненадени кога слушнале дека се разделуваат, бидејќи парот постојано инсистирал на тоа да имаат уште едно дете. Џенифер сè уште не се огласила, а се надеваме дека не станува збор за уште еден случај на семејно насилство.
