Мојата кујна

Уштипци од спанаќ и компир

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1кг спанаќ

* сол

* 4 компири средна големина

* бибер

* 40гр путер

* 2 јајца

* масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исчистениот и измиен спанаќ обарете го во солена вода, ицдете го и сомелете го или ситно исецкајте го.

Компирите излупете ги, сверете ги во солена вода, исцедете и испасирајте.

Потоа измешајте ги со спанаќот, досолете по потреба и додадете бибер. Додадете го путерот и изматените јајца па се добро измешајте.

Од вака подготвената смеса земајте со лажика и ставајте во добро загреано масло да се пржат од двете страни.

Write A Comment