Во прилог ви нудиме уште еден едноставен рецепт кој е навистина вкусен и декоративен
Потребни состојки:
6 јајца
200 гр кашкавал
200 гр шунка
оригано
неколку маслинки
Подготовка:
Во зависност од бројот на ролнички кои ќе ги правите и големината на тавчето поделете ги јајцата. Изаметните јајца ставете ги во тава да се пржат. Посолете ги. Внимавајте слојот да не е многу дебел. Потоа ставете го кашкавалот, и веднаш ставете ја шунката и посолете ги со оригано. Извадете ги јајцата на една чинија, ставете ги исецканите маслинки и свиткајте ги во ролна. Потоа исецкајте ги на мали парчиња.
