Пијалокот од лук е една од работите кои би требало да ги има секој човек кој искрено се грижи за своето здравје и здравјето на своите најблиски. Важно е да се напомене дека овој пијалок прави чуда во одржување на здравјето.
Пијалокот е одлично средство за исфрлање на солта и солените наслаги од организмот. Ја подобрува работната способност на организмот, ја чисти крвта, го зајакнува имунитетот, крвните садови и работата на срцето. Исто така, го одстранува вишокот на маснотии и го подобрува метаболизмот. Незаменет е и против женски болести и воспаленија. Нежно го прочистува целиот организам од штетни наслаги. Подготовката на овој пијалок не е тешка.
Како да го подготвите пијалокот од лук:
Во стаклена тегла ставете 1,2 чешниња лук, секое чешне исечете го на четири дела.
Прелијте го со половина литар црно вино.
Затворете го и оставете на прозор, од сончевата страна 2 недели.
Секој ден 2-3 пати протресете ја теглата.
По завршувањето на 2- те недели процедете го и ставете го во темно стаклено шише.
Земајте од лекот 3 пати дневно по 1 кафена лажица во текот на еден месец.Сето ова можете да го повторите после 6 месеци.
Се верува дека лекот ги убива патогените предизвикувачи на многуте опасни инфективни болести и истовремено ги ја зајакнува отпорноста на човечкиот организам од патогените микроорганизми. Користа од лукот за превенција на кардиоваскуларните болести е поврзана со неговата способност за елиминација на лошиот холестерол.
Покрај ова, лукот е корисен и против хипертензија: ги шири крвните садови со што допринесува за намалување на крвниот притисок. Во црното вино добиениот алкохолен екстракт ги има сите горенаведени особини, и затоа безусловно ќе биде од голема корист за одржување на организмот во здрава, беспрекорна состојба.
Бидете здрави!
