Здраво тело

За добар сон: Природен пијалок кој се бори против несоница

Сите знаеме дека за ден исполнет со позитивна енеригја и сила неопходен е квалитетен сон. Меѓутоа, брзото темпо на живот, се поголем број на обврски и бројните проблеми често не спречуваат да се наспиеме и да се одмориме. Затоа, посегнете по овој природен зелен сок кој успешно се бори против несоница и го опушта организмот.

Состојки:

* 1 краставица

* 1 кришка корен од ѓумбир

* сок од еден лимон

* сок од еден портокал

* 2 стебленца целер

* 1 зелено јаболко

* 9 стебленца аспарагус

Подготовка:

Аспарагусот потопете во ладна вода на 5 минути, а потоа излупете ги краставицата и јаболката, па исечете ги на кришки. Подготвениот зеленчук заедно со ѓумбирот, целерот и сокот од еден лимон и портокал ставете ги во блендер и добро иблендирајте ги.

Овој пијалок ефикасно го опушта телото, го отстранува стресот и го смирува организмот, а најдобро е да го конзумирате после ручек. Состојките од зеленчукот ќе го отстранат сето она што најчесто ја предизвикува несоницата – стресот, нервозата, зголемениот притисок…

Write A Comment