Free zone

Заборавате имиња???

Ви се случува ли често да ги заборавате имињата на луѓето кои ги сте ги запознале во скоро време?

Со сигурност не сте единствени!!! Проблемот е во Вашата расеаност или невнимание. Се напомнуваат неколку факти како извор на таквиот проблем. Имено доколку вашиот прв контакт со новата личност е под одредени надворешни влијанија како бука или вниманието Ви е насочено кон друга активност, и внатрешни како немир, раздразнетост или среќа, тогаш шансите да го запомнете името се многу мали.

Овој проблем можете да го решите на многу едноставен начин и на тој начин да го избегнете она познатото „Еј наместо името“

Повеќето од нас учат визуелно, што го објаснува феноменот на памтење лица а заборавање имиња. Според тоа кога ќе се соочите со наредната можност да запознаете нова личност, прво убаво запаметете го неговиот лик, повторете го неговото име најмалку 3 пати, и потоа во некој разговор употребете го неколку пати.

Проблемот е решен…верувајте името на личноста никогаш повеќе нема да го заборавите.

Write A Comment