After Midnight

Забранета љубов (тајна врска)

Често се случува љубов меѓу две личности меѓу кои не може да се реализира општествено прифатлива врска. Дури и кога емоциите се взаемни и интензивни, постои причина заради која тие двајца не можат да бидат заедно. Тоа се ситуации кога единот од нив е во брак на пример, или пак двајцата се во брак, постои голема разлика во години, или разлики во националната припадност, било каква друга разлика која условно општеството не би ја прифатило.

Која и да е причината, ако општеството си има свои правила и љубовта си има свои. И неможноста да се реализира врската, наместо да ја заслабне, ја зајакнува! Двајцата партнери се чувствуваат како зафатени во заеднички вител во кој или заедно ќе се удават или заедно ќе се спасат.

Во секоја од овие варијанти на “невозможна”љубов, едната страна повеќе пати. Оние кои се во брак, доколку имаат слободен партнер, мислат дека слободата е предност за партенрот, а слободниот партнер мисли дека овој кој е во брак ужива, бидејќи бракот е институција која е симбол на сигурност и пријатно опкружување, а тој чека и ужива само во ретки украдени моменти.Ваквите врски секогаш се проследени и со грижа на совест (особено ако едниот или двајцата партнери имаат деца )и секогаш подразбираат и тешки предизвици.

Како да се поставите кон онаа другата страна во тајната, невозможна љубов? Од емоциите никој не се откажува, имајте го тоа во вид. Страствената врска, флертот или авантурата со време се трошат, но љубовта трае. Постојат секако начини да се излезе од таквата врска, но интензитетот и искреноста на взаемните емоции одлучува за исходот. Еден од начините е врската да се стави на тест со привремен целосен прекин на сите контакти. Љубовта која не била вистинска бледи, интензитетот на страста опаѓа, проработува разумот.Што се однесува до вистинската љубов, таа зајакнува и препознатлива е по душевната но и физичката болка од разделбата. Во таков случај избор е на двајцата партнери дали ќе се одлучат да бидат конформисти и да ги следат општествените правила или сопствените чувства.

Големите вистински невозможни љубови не поминуваат сами од себе, и дури и ако партнерите стават крај на врската, и тој и таа долго по раскинот, колку и да го избегнуваат контактот често мислат еден на друг. Иако двајцата мислат дека е несреќа или проклетство тоа што им се случило, сепак таквата љубов е дар од Господ кој немаат среќа сите да го доживеат.

Тајната врска, онаа во која ќе се случи вистинска љубов, треба да се проживее и да се остави да има свој ток, да се препуштат емоциите да се искажат, зошто прекинатата насило и недовршена приказна е како седење на врв од вулкан,никоаш не знаете кога ќе проработи и што ќе биде со вас.
Но она што е најважно е да се знае е следново: љубовта не се краде, не се купува, не се проси. Или ја има, или ја нема! Партнерот го бира срцето, не паметот!

Напиши коментар