Ви ја нудиме прекрасната рецепта за неговото височество – модар патлиџан. Со оглед на неговата богата содржина на витамини би требало да го имате на менито во овие ладни денови. Еве еден едноставен начин како може да го подготвите.
Потребни состојки:
Килограм модар патлиџан
3-4 лажици масло
2 лажици пире од домати
Сол, бибер, магдонос
лук
Начин на подготовка
Измијте го модриот патлиџан и излупете го. Исцкајте го на коцки, само внимавајте да не се премногу мали, па да се распадне во текот на подготовката. Ставете го во еден сад и посолете го. Нека отстои еден час за да ја пушти целата непотребна вода. Исцедете го внимателно и ставете го на загреано масло да се пржи. Пржете го на тивок оган. При крај на динстањето се додава сецканиот лук, па пирето од домати. На крајот се додава бибер.
Кога јадењето ќе биде готово се посипува со ситно сецкан магдонос. Јадењето се служи со варен ориз или зеленчук по избор.
