И мажите и жените тешко ги поднесуваат љубовните проблеми, по прекинот на врската. Иако очекувавте жените да го извлечат подебелиот крај и да им биде потешко, сепак тоа не е така. Научниците открија дека кризите поврзани со љубовта потешко ги поднесуваат мажите.
Американските научници анализирале податоци од интимните врски и менталното здравје на голем број на возрасни личности. Тие заклучиле дека мажите многу потешко ги поднесуваат љубовните маки.
Најголем виновник за тоа е затвореноста на мажите. Тие немаат толку близок однос како што имаат жените со своите пријателки, роднини или колешки.
Тие помалку зборуваат за нивните интимни проблеми, па целиот товар го држат само за себе. За разлика од нив, жените многу брзо и лесно ги споделуваат проблемите со другите, а кога тоа ќе се сподели со некого полесно се преживува, особено ако наиде на поддршка.