← НАЗАД НА БОЗА

Зошто мажите тешко се носат со жените кои се сигурни во себе?

Зошто мажите тешко се носат со жените кои се сигурни во себе?
111 Читања

Мажите се плашат од жените кои знаат што сакаат и тоа е факт. Тоа пред сè потекнува од исконското чувство дека мажот треба да биде заштитник на жената, но се чини дека кај ваквите жени тоа не е потребно, па мажите веќе од старт се чувствуваат несигурно..

На ваквите жени не им требаат плитки и површни разговори, па затоа им е многу тешко да најдат партнер и да имаат долга врска.

Ова се само дел од работите заради кои на мажите им е тешко да се носат со вакви жени:

1. Поставуваат длабоки прашања

Поставуваат прашања кои навлегуваат толку длабоко во личноста на партнерот што тој не е подготвен да одговори. Уште на првиот состанок започнуваат со филозофски прашања и дискусии, бидејќи површните разговори за нив немаат никаква вредност.

2. Искрени се

Дури и премногу и дури и по цена да навредат некого. Тие веруваат само во искреност и интегритет. Секогаш кога некој нешто ги прашува ја кажуваат вистината а истото го очекуваат и од другата страна.

3. Знаат што сакаат

Или кого сакаат. Знаат кога нeкој им се допаѓа и не излегуваат наоколу барајќи нови опции за да бидат сигурни во себе или своите чувства.

4. Сакаат длабока врска

Сакаат длабоки разговори, приказни за минатото, убави и неубави настани, кои од нивниот партнер направиле да биде она што е денес. Врската за нив е многу повеќе од само секојдневно излегување и забава со рано наутро.

5. Не се плашат од интимност

Не се плашат да се доближат до партнерот и да бидат повредени. Нe сметаат дека тоа им ја одзема слободата или ги прави ранливи.

6. Знаат да го „прочитаат“ партнерот

Гледаат каков e тој навистина и што е тоа што го прави ранлив, и воопшто не се плашат да му го кажат сето тоа. Иако на моменти тоа може да биде незгодно за некого, тие сакаат само да покажат дека го разбираат и дека може да биде оној кој вистински e.

7. Сакаат доследност

Конвенционалното однесување е нешто кое секогаш ги оддалечува од луѓето. Ваквите жени копнеат за силна врска во која доследноста е еден од главните темели.

8. Изразено ги манифестираат своите мисли и чувства

Нивните емоции се моќни, исто како и нивните мисли. Никогаш не им е сеедно кога се во прашање нешта кои им се важни, па токму затоа во таквите моменти го прикажуваат сиот свој жар и моќ.

9. Знаат како да сакаат

Ако партнерот не може да ги сака на подеднакво длабок начин, ќе си заминат. Врската без обврски за нив е нешто непознато. Знаат да оценат дали некој е доволен или не за нив и ќе се тргнат од секој оној кој не им ја дава љубовта која ја посакуваат.

10. Не чекаат никого

Не чекаат некој да се одлучи за нив или ситуациите кои ги вклучуваат нив. Иако сакаат посебен вид љубов, за нив воопшто не е страшно да бидат сами. Подобро сами отколку со некој кој не знае да ги цени.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk