Здраво тело

Зу Сан Ли точка на долговечноста или точка за стотици болести на вашето тело

Една  јапонскa легенда вели дека еднаш, многу одамна живееше еден среќен човек кој сo својот татко доби непроценливо знаење – познавање на точка  за долговечност или точка за решавање на стотици болести. Следејќи ги  заповедите на неговиот татко , синот секојдневно ја масирал оваа точка и доживеал раѓање и смрт на неколку императори.

Масирањето на точки е една од најстарите методи за лечење  на истокот, која брои веќе неколку илјади години. Човечкото тело вкупно има 365 точки  и 12 мередијани, што не потсетува на количината на денови и месеци во годината. Делувањето на ваквата масажа (акупунктура, притискање  со прстите на одредени точки), засновано е на учење за мередијани и канали кои се поврзани со одредени органи. Во кинеската медицина на телото се гледа како енергетски систем, и така преку масажа може да се влијае на текот на енергијата и функционалноста на органите.

Активирањето на точката Зу Сан Ли дава трајно подмладувачки и исцелителен ефект, го спречува стареењето. Во Кина оваа точка е позната како – “ точка на долговечноста “, во Јапонија – “Точка за сто болести“

Каде се наоѓа таа магична точка ( Зу Сан Ли ) на нашето тело?

Точката на долговечноста се наоѓа под чашката на коленото. За да ја пронајдете , покријте го коленото дланката на раката. Точката се наоѓа помеѓу завршетокот на малиот и до малиот прст, во вид на мало вдлабнување помеѓу коските.

Можете да ја пронајдете и на следниов начин.

Морате да седнете на под и да ги допрете цврсто стапалата на подот и да ги повлечете кон себе, неподигајки ги петите од подот. Ќе приметите дека под колената се направило мало возвишување. Пронајдете го врвот на ова возвишување, ставете го прстот на него и заземете стартна позиција. Точката на која притискате е точката – Зу Сан Ли.

За што е одговорна оваа точка на нашето тело и зошто Јапонците ја нарекуваат точка за сто болести?

– Ја контролира работата на органите кои се наоѓаат во долниот дел на телото

– Го контролира  р’бетот и  деловите кои се одговорни за правилно функционирање на гастроинтестиналниот тракт , дигестивниот тракт, гениталните органи , бубрезите, надбубрежните жлезди.

Со масажа на точката Зу Сан  Ли може да се зголеми активноста на надбубрежните жлезди , најмоќните жлезди кои имаат улога главен чувар на здравјето на луѓето. Тие излачуваат адреналин во крвта , хидрокортизон и други важни хормони.

Ако секојдневно ја масирате ” точка за долговечност” , можно е да се нормализира работата на надбубрежните жлезди, кои  ги вршат следниве функции во телото:

– Нормализација на крвниот притисок

– Нормализација на гликоза , инсулин

– Спречување на воспалителни процеси во организмот

– Регулирање на функцијата на имунолошкиот систем на човекот

Исто така, со масирање на оваа точка :

– Се подобрува варењето на храната

– Лекува болести на гастроинтестиналниот тракт

–  Се третираатт последиците од мозочен удар

Масажа на оваа точка ќе ви помогне да се здобиете со самодоверба , надминување на стресот и напнатоста , ќе ја пронајдете внатрешната стабилност .

Масажа на оваа точка , може да се излечи многу болести, вклучувајќи импотенција, икање, запек , гастритис , неможност да се задржи урината .

Во голема мерка го зголемува имунитетот, човекот станува здрав и способен за живот.

Масирајте ја оваа точка, најдобро во утринските часови, пред ручек. 9 пати со кружни движења во насока на стрелките на часовникот, на секоја нога, најизменично, (9 пати едната па 9 другата) и така 10 минути вкупно.

Пред да почнете заземете удобна положба ( седејќи ). Смирете го дишењето о концентрирајте се.

Нурнете во состојба на хармонија и разбирање дека почнува процесот на оздравување. Таквата масажа има и стимулативно дејство.

Масирајте ја точката со прсти или со зрно од некоја житарка (хелда , овес, ориз итн )

Исто така можете на точката да залепите едно парче лук исечено на пола и да го оставите до 1 час ( додека кожата не се зацервени )

Секојдневната масажа на точката Зу Сан Ли во вечерните часови е погодна за губење на тежина- 400-500 грама неделно. Но, немојте да масирате пред спиење, за да не предизвикате несоница.

Точката Зу Сан Ли можете да ја масирате секојдневно, но најдобар резултат има за време на млада месечина.

-Осум дена по појавувањето на младата месечина секојдневно масирајте ја оваа точка, наутро, најизменично на секоја нога. Тоа е нај ефикасно време за масажа за зајакнување на имунитетот, подобрување на работата на сите органи и успорување на процесот на стареење.

– Пред  ручек, најименично секоја нога за подобрување на општиот тонус, на памтење, работа на кардиоваскуларниот систем и системот за варење.

– После ручек, синхронизирано на двете нозе, против стрес, нервоза, и раздраганост, главоболка и пореметување на сонот.

– Навечер, во спротивна насока од стрелките на часовникот, најизменично на  секоја нога, за подобрување на метаболизмот и намалување на телесната тежина.

Точката Зу Сан Ли                                                                   Точката Зу Сан Ли

 

2

Write A Comment