Постојат парови, кои прават непријатни ситуации во друштвото во кое се наоѓаат. Дали можеби сте вие таков пар?
Проверете што најмногу ги нервираат вашите пријатели што ги прават заљубните парови и ако се препознаете, престанете да ги правите овие работи додека сте во друштвото пред тие да почнат да ве избегнуваат:
Гугуткање
Убаво е да имате прекари за своите сакани, но тоа сепак треба да остане за моменти кога сте сами, бидејќи воопшто не е убаво ни привлечно вашите пријатели да гледаат како цело време си шушкате во нивно присуство.
На се одговарате со НИЕ
Повеќето парови ова го прават невесно, особено ако живеат заедно. Во ред е ако нешто навистина сте сработиле заедно да кажете НИЕ, но не и кога изнесувате некое ваше мислење. Ова станува иритантно за вашите пријатели затоа што се чувствуваат како да сте го загубиле својот идентитет.
Постојано разменувате нежност во присуство на пријателите
Кога сте заљубени, тешко е да ги контролирате чувствата, но обиди се да ги намалите страстите додека сте во друштво. Ако претерано се гушкате и бакнувате пред други луѓе, нив ќе биде непријатно и поради тоа да ве избегнуваат во иднина.