Иако на вас можеби не ви претставува проблем да ги привлечете мажите, на крајот секој од нив ве остава. Ова може навистина да ве повреди, бидејќи тоа сепак претставува некој вид на одбивање – а кој сака да биде одбиен?
Иако на сите им е јасно дека не можат да ги привлечат сите мажи, истовремено сигурно сакате да бидете сигурни дека не ги одбивате добрите. Па, погледнете ги знаковите кои покажуваат дека можеби несвесно токму тоа го правите.
# 1. Ја превземате неговата улога
Живееме во општество во кое жените навистина ја променија својата традиционална улога. Ова е одлично, но како резултат, многу мажи се повеќе се чувствуваат помалку “машки”. Меѓутоа, мажите секогаш ќе имаат различни улоги во светот и во врските, а кога ќе се обидете да ја превземете таа улога, врската е блиску до крајот.
# 2.Вие сте вашиот најлош противник
Дали е тоа траумата од детството или од претходните врски, но не можете да очекувате партнерот да остане со вас, ако самите себе се саботирате. Добар човек нема да ве остави без причина. Иако е тешко да се признае дека понекогаш можеби вие сте проблемот, важно е да се соочите со тоа.
# 3. Вашите реакции ја запечатија вашата судбина
Дали ви кажале дека сте несигурни, барате премногу и слично? Навистина е болно да ги чуете овие зборови, воглавно затоа што веројатно сметате дека не сте такви. Но сите ние можеме да дозволиме да не совладаат емоциите. Мажите буквално ги разбираат реакциите на жените. Дури и кога не мислите така, вашиот партнер веројатно ќе го промени своето мислење за вас. Пробајте да ги контролирате своите реакции и размислете добро пред да кажете нешто. Добриот маж ќе биде подготвен да ве направи среќни, но не можете да го очекувате тоа ако не возвратите во иста мера.
