Мажите често имаат проблеми да ги изразат своите чувства, но можно е да ги прочитате од начинот на кој тие се однесуваат.
Знаците што ги даваат честопати може да бидат збунувачки и тешко да се препознаат. Токму затоа ние ви ги покажуваме неколку очигледни начини на кои момците покажуваат дека им се допаѓате, така ќе ги препознаете во иднина и ќе им одговорите:
- Станува озбилен кога сте му во близина
Во друштво познат хумористичен лик кој никогаш не ќути, но кога вие сте тука станува одеднаш тивок како глушец. Ова всушност е прилично очигледен знак дека му се допаѓате и му е важно вашето мислење, но внимава да не остави лош впечаток на било кој начин.
- Ги почитува вашите правила
Сте се договориле да се слушнете по неколку дена и тој чекал и ве повикува во точно определеното време. Верувале или не, ова е еден од знаците кој покажува дека навистина му се допаѓате, затоа не сака да ги прекрши вашите правила затоа трпеливо ќе чека да ви се јави.
- Фалбаџија е
Иронично, но една од најчестите знаци дека на еден дечко му се допаѓате е кога се однесуваат како да е заљубен самиот во себе. Тоа е многу детинесто, но во исто време е очигледен знак.
- Избегнува физички контакт
Ако избегнува да ве допре на било кој начин или да ве прегрне, а во исто време со другите тоа го прави, тоа е повеќе од сигурен знак дека му се допаѓате па му е незгодно да ви се допближи на тој начин.