Можеби имате многу пријателки, но само една е вистинска, за целиот живот. Иако со повеќето пријатели споделувате речиси се во врска со вашиот живот, вие точно знаете која е таа пријателка, една, најважна, на која прво ќе и се јавите и пред која немате тајни!
Постојат работи кои овие пријателства ги издвојуваат од другите, а тие се:
- Секогаш ве поддржува, но ако не сте во право ќе биде искрена со вас. Искреноста е важна за вашето пријателство.
- Без проблеми зборувате за осетливи теми. Можеби за некој одењето во тоалет е чувствителна тема, но не за вас двајца. Истото важи и за сите други теми.
- Им се “заканува” на момците со кои излегувате. Правата пријателка ја презема улогата на вашите родители и се грижи да не бидете повредени, па често знае на шега да каже: “Ако ја повредиш, ќе имаш работа со мене”.
- Не се осудувате една со друга. Таа нема да ве осуди, секогаш ќе се обиде да ве разбере и поддржи.
- Ве видела скршена и расплакана. Пред нејзе не мора да ги криете солзите. Имате толку доверба во неа што не ви е срам да плачете пред неа и да си ја олесните душата.
- По долго време на раздвоеност продолжувате таму каде што сте застанале, како да сте се виделиле денес. Не сте се виделе некое време, но кога ќе се сретнете повторно, сè е по старо, како да не поминало толку време.
- Често се случува во исто време да кажете иста работа. Едноставно сте станале толку блиски така што една на друга си ги читате мислите, дури и исто размислувате.