Секој од нас помина низ добри и лоши денови, кога се работи за косата. Сепак, постојат трикови со кои, секој лош ден може да стане добар, вашите локни можат да бидат совршени, косата може да расте побрзо, а завршетоците на косата можат да бидат поздрави.
Еве неколку совети за здрава и убава коса:
- Кога ќе се фенирате, оставете ја косата да се олади, а потоа само повлечете ја четката од под косата. На овој начин, ќе спречите брзо кршење на влакната.
- За да го освежите волуменот на косата и да ги зачувате краевите, користете го копчето на ладно фенирање на коса. Студениот воздух ќе ја исуши косата побавно, но ќе ѝ даде поздрав изглед и помалку ќе ја оштети.
- Ако имате ретка и тенка коса, најдобриот начин да се постигне визуелно густиот ефект е да ја скратите косата по 2 см од време на време.
- Здравата коса ја задржува бојата подолга за разлика од оштетената. Затоа еднаш неделно направите детален третман за нега на коса за да ја одржите косата здрава, бујна и сјајна.
- Многу е важно косата да се подхранува, па користете маска за коса на секое миење.
- Доколку сакате дополнителен волумен, нанесете сув шампон за миење на коса пред да си легнете, а потоа направете пунџа со која ќе може да спиете. Ефектот што ќе го видите наутро ќе ве изненади.
- Еднаш во 10 дена направете пилинг на темето на главата за да ги отстраните мртвите клетки и да дозволите кожата да дише.
- Ако случајно сте ставиле премногу производи на вашата коса и не сте ја измиле добро, поминете ја косата со шампон за суво миење кој ќе исчисти сè и вашата коса ќе остане чиста и полна со волумен.