← НАЗАД НА БОЗА

9 едноставни начини да си секогаш посакувана

9 едноставни начини да си секогаш посакувана
337 Читања

Една жена во секоја ситуација треба да биде Жена! За жал нашата емоционалност е голема пречка во овој поглед. Често кога сме вознемирени кажуваме зборови или се однесуваме на начин кој е многу подалеку од оној на една вистинска дама. Се разбира, кога гневот ќе одмине, ние жалиме и се срамиме од своите постапки. Но срамот не е единствената наша грижа. Треба да знаете дека таквото однесување страшно многу ги одбива мажите! И не само тоа! За да сте секогаш посакувани и атрактивни за посилниот пол, ви препорачувам да ги следите овие 9 едноставни совети.

Научете се да ги контролирате своите емоции. Да, тешко е! Но има начин да се искаже она што го чувствувате, на поцивилизиран начин.

Бидете мистерија! Како реклама на интересна книга, од која тој може да чита само по неколку реда на ден. Никогаш не треба да припаѓате на еден маж сто проценти.

Не му покажувајте дека ви е страв да не го изгубите! Страв – запомнете го овој збор. Тоа е оној, кој потсвесно или дирекно свесно ги провоцира другите да манипулираат со вас или да ве злоупотребуваат. Можете да му покажете на еден маж дека држите до него и го сакате, без да изгледате како уплашено кутре што бара милување.

Не се понижувајте! Колку и да сте вљубени, колку и да не можете да живеете без еден маж, секогаш на прво место почитувајте се себе!

Не се согласувајте со се. Тоа е многу погрешна тактика и кај двата пола. Ако немате свое мислење и уште полошо – ако не го наметнете, интересот за вас веднаш исчезнува.

Не глумете негова мајка. Жените често го прават тоа потсвесно или со цел да покажат загриженост. Не му повторувајте постојано да се облече добро, бидејќи надвое е студено или да го изеде зеленчукот, бидејќи е корисно. Ова однесување ве потсетува ли на некого?

Бидете кревка и женствена. Мажите имаат потреба да видат дека можат да ве штитат, да се грижат за вас… како розата во “Малиот принц”.

Научтете прво да се сакате себе и тогаш барајте некој да ве сака вас.

И не на последно место – ако го барате принцот, вие самата треба да бидете принцеза. Немојте да мислите “тој ме сака секако”. Бидејќи колку што се сеќаваме мажите сакаат прво со очите!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk