← НАЗАД НА БОЗА

Брачни води: Поради што се запоставуваат мажите во бракот, а поради што жените?

Брачни води: Поради што се запоставуваат мажите во бракот, а поради што жените?
65 Читања

Се чини дека не е никаква новост да се види брачниот пар кој после децении заеднички живот го променил својот личен опис.

Иако не се жалат на својот брак, многу парови во него престануваат да се грижат за себе и за својот изглед. Покрај тоа што физички се запоставуваат, тие не се грижат за своето ментално и емотивно здравје.

Причината за тоа е во начинот на живот, по меден месец и годините поминати, најпрво пристигнува стресот околу работа, потоа децата, грижите за финансиите, и честопати, во постојано брзање, се чини дека паровите се губат себеси.

Жените најчесто се запоставуваат поради исцрпеност и умор. Од друга страна, мажите најчесто се запоставуваат поради недостатокот на предизвици и недостатокот на хемијата во бракот.

Двата партнери, најчесто го премолчуваат незадоволството, што во краен случај резултира со развод или неверство.

А реално решението е многу едноставно, потребно е само малку време за себе и своите здрави навики и отворен однос со партнерот.

Со овие два чекори, ќе бидете среќни, поздрави и ќе имате многу повеќе волја и желба да се борите за вашата врска.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk