Иако некое време не водела сметка за својот изглед па изгледала тотално запуштена со десетина килограми одвишок и видлив целулит, Бритни Спирс полека се враќа во топ форма. Нејзината фигура сега изгледа одлично како во почетоците на нејзината кариера, кога беше една од најатрактивните пејачки.
Бритни се посветила на сериозни тренинзи и го затегнала своето тело, а за тоа сведочат и бројни фотографии на кои напорно вежба. како и слики кои ги имала самата објавено на нејзиниот Instagram профил.
Фотографиите од Спирс во бикини по мислењето на нејзините фанови, се прав доказ дека се вратила на старата линија.

