Некогаш кивате еднаш, некогаш два пати, а некогаш пак 3 пати едно по друго. Сте се запрашале зошто баш 3 пати.
Сигурно ве нервира кога ќе почнете да кивате неколку пати по ред, или кога така киваат луѓето околу вас, но кивањето е важно бидјеќи помага да се ослободите од честичките кои влегуваат во дишните патишта, објаснува др Џордан Џоферсон од Њујорк.
-Кивањето најчесто се случува кога одредени честички ќе ви влезат во носот, а со кивањето најлесно ќе ги отстаните –вели докторот кој исто така објаснува што се случува кога киваме неколку пати едно по друго.
-Првото кивање ги “омекнува” тие надворешни честички, второто кивање ја донесува содржината до врвот од носот и со третото кивање конечно се исфрлаат надвор –вели докторот.
Кои се тие честички кои не наведуваат да кивнеме? Вирални респираторни инфекции, како настинката, потоа ладниот возхуд, алергените но и физичките иритатори како чадот и загадениот воздух.
