After Midnight

Дали е можно некои парови да се сакаат “до крајот на животот”?

Верувале или не, најновите истражувања покажуваат дека е можно! Научниците од Универзитетот Stony Brook во New York после едно опсежно истражување, тврдат дека постојат парови кај кои љубовта не само што не слабее и се губи, туку се зајакнува со текот на времето и заедничките години.

 

Тие забележале дека постојат и шаблони на однесување заеднички за сите оние кои со години, па дури и децении се заљубени во својот партнер. Кај сите нив постоела голема страст кон партнерот, и тоа таква што не помнувала! Станува збор за некоја “тајна врска” некаков “флуид” што ги прави партнерите да чувствуваат страст секогаш кога се во близина.

 

Интересно е што овие партнери би го препознале приордниот мирис на другиот и со замижани очи. Симбиозата и страста според научниците сепак не се должи само на мирисот, туку на компатибилноста на духот, способноста да се разбираат како личности дури и кога се караат. Карактеристично е што повеќето од овие парови се карале често, во просек еднаш седмично, но таквите кавги биле конструктивни и обично после тоа партнерите заеднички барале рашение за проблемот, што уште повеќе ги зближувало. Никогаш не се обвинувале еден со друг и не ја префрлале вината на другиот “ти си виновен” туку се концентрирале само на проблемот.

 

И двајцата партнери од овие врски тврделе дека постојано чувствуваат дека оној другиот постојано се грижи вистински за нив и дека нивниот интерес дури им е поважен од сопствениот.

Уште многу фактори влијаат на одржувањето на љубовта за цел живот, тврдат научниците, но нежноста и грижата од една страна, и страста од друга се клучот за успехот. И судбината веројатно!

 

Ретки се тие кои имаат среќа да имаат љубов за цел живот.

Напиши коментар