After Midnight

Дали е во ред врската да се сведува само на секс ?

Луѓето остануваат во врска од различни причини…Меѓутоа, што со оние кои одлучуваат да останат во врска само поради сексот? Освен што е незрело, има ли некакви последици? Како и да е …комплицирано е…оние кои се пронаоѓаат,би требало да се запрашаат…

Дали сте среќни?

Ако сексот е на пиедесталот на Вашите животни вредности, а двајцата Ве исполнува, тоа е во ред, во одредена животна фаза.

Дали Вашата желба започнала со секс?

Ако физичкиот контакт бил пресуден за почеток на Вашата врска, а сега сте незадоволни, значи дека сте созреале и Ви треба нешто повеќе од секс..Сепак не претерувајте со Вашите очекувања…ако Вашиот партнер не може или не сака…Колку и да станува збор за добар секс, врската треба да се прекине.

Дали Вашиот однос бил поемотивен порано?

Ако одговорот е позитивен, станува јасно зошто врската се сведува на секс кој прави истата да падне во надолна линија…Оптимистички гледано, можеби сексот може да биде добар начин да ја надминете кризата.

Дали другата страна е емотивно врзана со Вас?

Вам Ви е важен сексот…но другата страна има чувства…Тогаш, барем од морални причини прекинете ја врската. Ако сексот е единствена причина да останете во врска и за двајцата…но ако едниот е повреден…следува прекин.

Напиши коментар