Free zone

ДАЛИ САКАТЕ ДА ЧИТАТЕ? Читањето и видот на КНИГАТА откриваат многу за КАРАКТЕРОТ на еден човек!

Луѓето кои сакаат да читаат се полни со информации и знаат јасно и саркастично да објаснат што сакаат.

Книгата во рака покажува дека некој знае како добро да го помине слободното време, дека се обидува да ги разбере луѓето околу него, има подобри аналитички вештини, многу е љубопитен …

Кај луѓето кои сакаат да читаат книги постои поголема веројатност дека ќе се однесуваат на општествено прифатлив начин отколку оние кои сакаат да гледаат телевизија, според едно мало истражување на Универзитетот Кингстон во Лондон спроведена врз 123 луѓе.

Најчувствителни се покажаа луѓето кои што најмногу уживаат при читањето на драми и романтични теми, додека оние кои ја сакаат фикцијата се со најпозитивно социјално однесување, пишува Independent.

Луѓето на кои омилени им се комедиите имале најдобри резултати во односите на другите луѓе, а оние кои претпочитаат експериментални книги се покажаа одлични во согледувањето на работите од различни перспективи.

Уште некои карактеристики на луѓето кои сакаат да читаат:

Тие имаат подобри аналитички способности

Тоа е добро за секојдневно справување со животот. Луѓето кои читаат се подобри во согледувањето на одредени ситуации и изнаоѓањето на подобро решение за проблемот.

Од нив може да се научи многу

Луѓето кои сакаат да читаат се полни со информации, знаат јасно и концизно да објаснат што сакаат и се совршени за квизови.

Тие се многу љубопитни

Гладни за живот, полн со приказни и различни искуства. Со нив може да ви биде многу интересно, бидејќи тие секогаш сакаат нешто ново и забавно.

Слушаат внимателно

Ако часови и часови поминуваат во читање, веројатно ќе имаат трпение и интерес да го слушаат внимателно она што го зборувате.

Лесно е да им се купи совршен подарок

Не треба многу да се размислувате што да им подарите за роденден, Божиќ, годишнина … Една добра книга секогаш ќе биде најдобриот подарок.

Добро помнат детали

Ќе запомнат кога и на кој му е роденден, што сакате, а што не … Животот со луѓето кои сакаат да читаат е полесен бидејќи тие ќе се сетат што треба да се купи за домот.

Тие сакаат активности надвор од домот

Тие сакаат да бидат дел од настаните во светот, нивниот град, улица … Луѓе кои читаат почесто одат на гласање, посета на културни настани и ангажирани се во нивната заедница.

Write A Comment