← НАЗАД НА БОЗА

Дали сте виделе како изгледа зонки? Подмладокот на зебрата и магарето е послатко од мајката и од таткото

Дали сте виделе како изгледа зонки? Подмладокот на зебрата и магарето е послатко од мајката и од таткото
41 Читања

Мора да сте слушнале за мазга и муле, но ако не сте виделе зонки, младенчето на зебрата и магарето, овој бушавко ќе ви го освои срцето. Овој вкрстен вид е многу редок, а во Велика Британија неодамна се појави вториот постоечки примерок.

Зиги, женската зебра (6), се заљубил во магарето Рага на фарма во Сомерсет, каде што живееле заедно. Необичната двојка наскоро го доби мешанчето, Зипи, кој има лице како татко му, но од стомакот надоле е ист како мајка му.

Зипи има пруги и е кафеав во исто време, малку побушав од зебрата, но поелегантен од магарето. Тој е многу импресивен, но има изразена природа, вели Кристина, сопственик на фармата, за која што приновата беше целосно изненадување.

„ Зипи е еден дел диво животно, па клоца и удира, но на многу сладок начин. Потоа се смирува и ми дозволува да го четкам. Од мајката не се раздвојува, а таа секогаш го држи пред нејзините очи “, вели Кристина.

Зонки е всушност зеброид, вид што се добива кога зебрата се вкрстува со некои други видови. За зеброидите се зборувало во 19. век и самиот Дарвин забележал неколку видови во неговите дела.

Ова потомство е претежно неплодно, а тие самите не можат да ја продолжат својата лоза.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk