
Постојат многу начини да станете добар соговорник, да научите навистина да ги слушате луѓето, а едната од најефикасните техники е и една од наједноставните.
Кога разговарате со некого, особено ако станува збор за сериозна тема за која се грижите, важно ви е дали оваа личност навистина ве слуша. Сакате луѓето да обрнат внимание на она што го кажувате, се разбира, како и сите. Но дали вие знаете како да ги слушате другите? Дали навистина слушате?
За среќа, тоа е исто така вештина која се учи. Ако не сте сигурни колку сте добар слушател, можете да примените еден едноставен трик кој ќе ви помогне да станете подобри, така што лицето со кое што ќе разговарате ќе знае дека сте навистина таму за него.
Пред да учествувате во разговорот, земете здив. Не длабоко, гласно и значајно, така да лицето со кое што зборувате да не помисли дека ви е досадно, туку онака … нормално и тивко. И ете ја, целата техника се сведува на тоа: вдишете пред да зборувате.
Психолозите откриле дека слушањето или “активното слушање” е составен дел на ефективна и квалитетна комуникација.
Едно истражување од 2017. покажа дека луѓето подобро ги препознаваат емоциите на другите луѓе, ако само ги слушаат гласовите на тие лица, отколку ако ги гледаат додека зборуваат.
Други истражувања покажаа дека многу посреќни се врските во кои партнерите комуницираат со слушање на она што другата личност навистина го зборува, со желба да се разбере како таа се чувствува, отколку оние во кои комуникацијата е таква што лицето слуша што партнерот зборува само за да има “подготвен одговор”, пренесува Psychology Today.
Следниот пат кога ќе слушате некој кој што го сакате ви раскажува приказната за сè што го мачи, доколку сакате да го утешите и поддржите ова лице, само дишете. Слушајте внимателно и дишете. И бидете таму.
