After Midnight

Дали ви недостига самодоверба?

Една од најмалку привлечните особини кај партнерот е несигурноста. Се работи за оние лица што се чувствуваат толку неудобно во својата кожа што своите несигурности ги проектираат на своите партнери поради што не се во можност на остварат успешна и здрава врска. 

За здрава врска потребно е почитување, доверба, разбирање и компромиси. Кога тоа го нема, едениот или двајцата партнери можат да станат несигурни, што може да има катастрофални последици на врската. Секако несигурноста не е добра за врската, затоа во продолжение прочитајте неколку знаци што укажуваат дека сте несигурни.
Не можете да поднесете шега 
Дури и коментарот да се однесува на вашите чевли, вие заземате одбранбен став бидејќи не поднесувате шеги на своја сметка и ги доживувате премногу лично. Тоа е само затоа што сте несигурни.
Изразено сте негативни кон лицата од ист пол 
Зошто мора да коментирате за секоја жена што поминува низ вратата на ресторанот наместо да уживате во друштвото и во вечерата? Несигурните луѓе на некој начин во сите гледаат конкуренција. За полесно да ја поднесат својата несигурност развиваат одбранбен механизам што се состои од негативи коментари кон лице од истиот пол.
Имате проблем со раздвојувањето 
Зошто секој пат кога партнерот заминува некаде вие имате напад на паника? Претераната тешкотија што доаѓа поради раздовјување од саканиот е знак на несигурност.
На партнерот му го проверувате мобилниот телефон
Ако чекате вашиот партнер да потоне во сон за да се искрадете од собата и да му го порверувате мобилниот телефон, имајте на ум дека несигурните луѓе имаат проблем со недостиг на доверба. Со тоа што ја прекршувате приватноста на партнерот само потврдувате дека сте несигурни и дека немате доверба.
Се спријателувате со член од семејството само за да добивате информации
Кога се сомневате без причина се обидувате да најдете каква било причина за да ја оправдате вашата несигурност и сомнеж. Еден од најекстремните начини е да се спријателите со некој близок на вашиот партнер само за да добивате информации.
Постојано проверувате каде е и што работи  
Колку пати дневно му се јавувате на партнерот само за да проверите каде е и што прави? Се правите дека се заинтересирани и дека ве интересира како го поминал денот, а всушност сте несигурни и црвот на сомнежот не ви дава мир. Сфаќате ли колку тоа однесување може да го задуши саканото лице.
Се фалите колку момчиња ви се додворувале изминатите 24 часа 
Лицата на кои им недостига самодоверба тоа го компензираат така што постојано бараат внимание. Никого нема да излажете ако трчате дома за да му се пофалите на партнерот како некој се обидел да го добие твојот број.
Сакате да му зборувате на партнерот што да прави или да не прави 
Несигурните луѓе користат различни методи на заплашување обидувајќи се да имаат контрола. Затоа му кажуваат на партнерот што да прави, а што не.
Ловите комплименти 
На несигурните луѓе постојано им треба потврда од другите што може да биде многу заморно. Ако постојано го прашувате партнерот„ „Дали изгледам добро?“, веројатно не изгледате добро бидејќи во својата кожа не се чувствувате убаво.
Речениците ги започнувате со „Ако навистина ме сакаш…“  
Несигурните мажи и жени знаат како да манипулираат со луѓето околу себе, имаат вештина за да влеат чувство на вина. Љубовта не се мери на тој начин. Важно е да се запамети дека во здрава врска љубовта се мери со она што некој го прави за саканиот по своја волја.

Write A Comment