← НАЗАД НА БОЗА

Другата страна на приказната: Како изгледа бракот без секс?

Другата страна на приказната:  Како изгледа бракот без секс?
184 Читања

Воопшто не е тајна дека како поминуваат годините желбата за секс значително се намалува или целосно исчезнува. Многумина во бракот немаат секс подолго време, но тоа не е главниот извор на незадоволство или причина заради која бракот пропаѓа.

Пар се запознал пред 20 години на работно место. Помеѓу нив се појавила моментална привлечност. Сексуалниот живот им бил доста активен и страствен. Набрзо стапиле во брак и добиле син. Како и на многу други парови, страста и сексот набрзо исчезнале. Каков им е бракот читајте во продолжение.

Смешно е кога ќе се сетам на работните денови со мојот сегашен сопруг и важноста на сексот во тој период. Незамисливо е дека тоа бевме ние. Само што се запознавме на работа, се појави моментална физичка привлечност – магија. Многу е смешен фактот што пред да го погледнам неговото убаво лице, прво го приметив неговиот стегнат задник. Првите десет години нашиот сексуален живот беше доста активен,страствен, а сексот беше “лепило” кое не спојуваше заедно.

Многу сум среќна што деветнаесет годни откако го кажавме судбоносното “da”, имаме стабилен и среќен брак. Како и секој друг брак, имавме падови и препреки. Тука е мојата поспиородилна депресија после породувањето, потоа отказот на мојот сопруг. Но и покрај се успеавме да останеме пар кој ужива во љубов и почит.

Сепак, сме немале односи уште од 2008 година. Сеуште го делиме големиот кревет во нашата спална. Се бакнуваме, гушкаме и имаме нежна физичка врска, но поминати се 10 години откако сме воделе љубов.

Во што е проблемот? Како да се соочам со фактот дека во 56-тата година повеќе немам секс? Да не не сум му привлечна на мојот сопруг?

Намалување на либидото

Вистината е дека воопшто не сум среќна за нашата ситуација, но не се чувтсвувам запоставено, бидејќи либидото и на мојот сопруг е исто како и моето – целосно намалено.

Сексот повеќе не е начин на кој се сакаме, не е дел од нашиот однос, но тоа е сосема во ред бидејќи и двајцата се чувствуваме исто. Ќе бев многу загрижена за својот брак  доколку повеќе не сме нежни еден спрема друг на поинаков начин, но сеуште сме и секогаш ќе бидеме отворени еден кон друг кога се во прашање нашите чувства.

Кога влегов во менопауза, сексот повеќе не ме интересираше, но тоа не е необично. Со време сексот ми стана непријатен, а потоа и непожелен.

Му кажав на сопругот како се чувтсвувам, а тој беше полн со разбирање. Во тој момент поминуваше во некоја криза на работа каде што доби отказ, па сексот беше последното нешто на кое размислуваше. Се надевав дека моето либидо ќе се врати после менопаузата, но залудно. “Што ќе биде доколку повеќе никогаш не се врати?”

Тоа не е причина заради која би требало да бидеме загрижени. Моментално сме во пеесетите години од животот, здрави сме , фит и сеуште заљубени. Нема ништо страшно во помислата дека повеќе немаме секс, кога ниту еден од нас не го интересира тоа.

Нова фаза во врската

Нашиот брак би бил во опасност доколку барем еден од нас имаше потреба за дневна доза страст, но бидеќи и двајцата сме на иста бранова должина, задоволно влеговме во новата фаза на нашата врска.

Можеби ова звучи нереално, но отсекогаш сум се чувствувала сигурно во бракот. Среќни сме бидејќи секогаш сме разговарале отворено за сите потешкотии и имаме заеднички интереси.

На почетокот од врската знаевме да водиме љубов до раните утрински часови. Сега уживаме во долгите прошетки, седнувањето на ручек во локален ресторан или за викенд да прошетаме до Париз или Будимпешта.И двајцата уживаме во готвењето и средувањето на домот. Поминуваме доста време со синот и сонуваме да купиме викендичка која ние сами би си ја уредиле.

Имаме соништа и планови за кои не ни треба секс за да ни се остварат.Доволно ни е само чувтсвото на блискост кое го имаме со самото делење на брачен кревет, вечерното гушкање на кауч и држење за раце додека шетаме.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk