← НАЗАД НА БОЗА

Душо, срце … ви се дига косата на главата од умилкување?

Душо, срце … ви се дига косата на главата од умилкување?
66 Читања

Само чекајте, ќе ве прашаме кога ќе се заљубите.

Ве излудува кога ќе ги слушнете паровите кои си се умилкуваат и меѓусебно се нарекуваат со имиња срце, душо, пиле – толку што си ветивте дека тоа никогаш нема да ви излезе од устата.

А тогаш времето поминува и вие сте среќно поврзани со личноста што ја сакате и за која имате “само ваш” прекар. И тоа е добро, бидејќи тоа значи дека вашата врска станала посилна.

Една од најубавите фази во секоја врска е онаа во која, кога сте сами, веќе не си се обраќате меѓусебно по име.

Психолозите велат дека прекарите се еден од важните елементи на силна, здрава врска која зрачи со интимност, но истражувањето покажува дека луѓето кои се во таква врска, во која партнерите си се умилкуваат еден со друг, генерално се посреќни и позадоволни од нивниот љубовен живот од оние на кои умилкувањето им е непривлечно.

Умилкувањето е карактеристика на романтични врски, но помалку во Европа (74 проценти) отколку во Америка (87 проценти), покажуваат статистиките.

“Нашето лично име е многу важно за нашиот идентитет, но прекарот, особено кога доаѓа од лицето што го сакаме, ја зајакнува блискоста и го продлабочува нашиот однос со партнерот”, вели за британскиот “Метро” семејниот терапевт Рејчел Лојд.

Прекарите се израз на нежност и се дел од единствениот начин за комуникација помеѓу двајца заљубени.

И затоа, не бегајте од прекарите … Иако можеби не е лошо да ги користите само кога сте сами. Знаете, да не ви го расипат уживањето оние кои што поради се ги превртуваат очите од презир.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk