Научниците неодамна ја решиле “мистеријата” за женскиот оргазам… Кога би биле искрени, многу мажи веројатно ќе признаат дека женскиот оргазам за нив е целосна мистерија. Жените, од друга страна, не би се колебале да признаат дека оргамзмот некогаш може да биде извор на фрустрации…
По се изгледа дека тимот, со тешки маки дошол до крајот, затоа што нашчниците наводно ја разрешиле мистеријата за женскиот оргазам. Научниците го снимале мозокот на сексуално возбудените жени и утврдиле дека за тоа се одговорни различни делови на мозокот, во зависност од конкретната ситуација.
Излегува дека активноста на мозокот се менува во зависност од тоа дали жената ќе се препушти на желбите и сексуалните фантазии или партнерот ја стимулира во текот на сексот.
Резултатите од две различни истражувања се објавени во магазинот New Scientist. Првото истражување е извршено од тим во Америка на чело со доктор Бери Комисарук од Универзитетот во Њу Џерси, а резултатите од снимањето со магнетна резонанца покажале дека за време на сексуалното возбудување кај жената се активираат дури 30 региони на мозокот, вклучувајќи ги оние кои го контролираат одлучувањето и желбите.
Другото истражување извршено во Холандија, покажало дека за време на оргазам во текот на сексот со партнерот, кај жената овие региони од мозокот се исклучуваат.
Заклучокот е дека жената врвот на задоволството во контактот со партнерот го достигнува во моментот кога потполно ќе се опушти, а неможноста за тоа да го направи понекогаш е вистински проблем за доживување оргазам.
“Оргазмот не е исклучување на свеста, но секако ја менува. Луѓето оргазмот често го опишуваат како губење на контрола” кажува доктор Јанико Георгијадис од универзитетот во Гетебург.
“Женскиот мозок има алтернативни патишта за доживување на сексуалното задоволство, во зависност од тоа дали дали жената во тој момент е сама или со љубовник” заклучиле научниците.
