Новости

Енрике Иглесијас: Близнаците се тешка публика ( ВИДЕО )

Пејачот Енрике Иглесијас (43) и поранешната тенисерка Ана Курникова (37) на крајот од минатата година станаа родители на близнаците Николаса и Луција, а колку тoj ужива во шармот на родителството зборуваат и  фотографиите што музичарот често ги објавува на социјалните мрежи.

 

Дека е подготвен да стори сѐ само за да ги насмее близнаците Николаса и Луција, покажа видеото. Пејачот, кој лесно се качува на нозе и ја забавува големата публика, мораше многу да се мачи околу деветмесечните бебиња. Тешка публика – рече тој во описот на видеото на кое тој се обидува да ги забавува Николаса и Луција, кои на почетокот се смееле, а потоа почнале да плачат.

View this post on Instagram

Tough audience to entertain 😂🦃

A post shared by Enrique Iglesias (@enriqueiglesias) on

 

Write A Comment