Со комбинација од путер, млеко, брашно и зачини се добива кремаст бешамел сос. Се користи во подготовка на лазањи, разни пасти или зеленчук. Бешамелот служи и како основа за подготовка на други сосеви.
За подготовка на бешамел сос ќе ви биде потребно:
* 70гр путер
* 30гр брашно
* 800мл млеко
* 2 лажичиња сол
*1/2 лажичиња мускантно оревче
Загрјете го путерот на средна температура додека не се истопи. Додадете го брашното и мешајте додека не добиете мазан смеса. Варете го сосот на средна температура околу 6-7 минути, додека не добие залтно-жолта боја.
Во меѓувреме, во посебен сад загрјте го млекото до точка на вриење (но не дозволувајте да зоврие). На смесата со путерот, постепено додавајте и чаша по чаша, топло млеко со постојано мешање. Оставете го сосот да зоврие и варете уште 10 минути константо мешајќи. Додадете сол, мускантно оревче и зачини по желба.
