Однесувајте се како дама, размислувајте како маж – техника која многумина ја споменуваат како клучна за успех со мажите ни се допажа и нам. Ако секогаш се трудите, а ретко кога имате успех со мажите, можеби не би било лошо да се однесувате токму како и тие. Еве како.
Биди му блиску, но доволно далеку
Секоја од нас барем еднаш останала фасцинирана од некој маж кој секогаш се чинел блиску, а сепак е далеку. Тој е тука кога сака да биде, а има способност речиси во потполност да исчезне кога тоа ќе го посака. Чувството на лична слобода е нешто што мажите многу го ценат.
Земете многу повеќе отколку што давате
Знаеме, сакате да давате и тоа ве прави среќни, но морате да дозволите тој да ве импресионира вас, а освен што ќе уживате во вниманието, ќе се здобиете и со неговото почитување, бидејќи ќе знае дека мора малку да се потруди околу вас.
Планирајте за себе
Се сеќавате ли на она момче со кое секогаш сте сакале нешто да правите, а тој секогаш имал свои планови кои не ве вклучувале и вас? Токму такво однесување морате да воведете и кај себе. Ако сакате да излезете во град – излезете, ако сакате да патувате – патувајте.
