Како се држите рацете ги открива сите тајни на вашата љубовна врска.

Имено, психолозите ги проучувале начините на кои двојките се држат за раце или ги допираат рацете и заклучуваат дека според тоа може многу да се каже за нивниот однос – дали се блиски или можеби на почетокот на врската.
Малку испреплетени прсти: почит
Овој начин на држење раце покажува дека вашата врска е емоционално стабилна и целосно му верувате на вашиот партнер.
Вие отворено им покажувате на другите луѓе дека сте во врска, но исто така оставате доволно простор за партнерот – ги почитувате взаемните чувствата и индивидуалност.
Дланка во дланката: одговорност
Ова е многу популарен начин за држење на рацете што укажува на тоа кој доминира во врската. Оној чија дланка е свртена надолу е лидер. Кога мажите сакаат да го заштитат или смират својот партнер тогаш тие се држат за рака на овој начин.
Испреплетени прсти: грижа
Вие сте поврзани со длабоки чувства, а не со физичка привлечност. Се обидувате да бидете искрени еден со друг – не ги криете вашите слабости и недостатоци. Вашата врска се заснова на доверба и грижа.
Држење за прстите: доверба
Оној кој ги држи прстите на партнерот покажува негово почитување, лојалност и подготвеност за заштита. Оној чии прсти се во раката на партнерот е полн со доверба. Кога парот има здрава и стабилна врска, почесто се држи за рака на овој начин.
