← НАЗАД НА БОЗА

Кога една жена ќе престане да сака…

Кога една жена ќе престане да сака…
316 Читања

Секоја од нас имала во својот живот барем еден маж што и го загорчил животот. Често жените многу добро знаат каков човек имаат наспроти, но толку се убедени дека можат да го променат и додека стигнат до големата вистина дека животот е неправеден, минуваат долги години.

Поетите велат дека кога ќе си замине љубовта во семејството започнуваат да живеат или пријатели или непријатели. Тажно е и во двата случаи, само што кај непријателите станува пострашно.

Кога една жена ќе престане да го сака мажот до себе, таа го казнува со омраза. Се чувствува употребена и исфрлена, не успеала да го промени и покрај големите надежи. Тој не станал ниту понежен, нуту поодговорен, ниту подобар. Нејзината улога на позитивец во нивниот роман буквално е исцрпена и тоа ја полудува. Во еден момент почнува да се самосожалува себе си, особено кога ќе се запраша дали има енергија да започне се од почеток. Понекогаш очајно се помирува со фактот дека е веќе касно. Тој, нејзиниот демон, воопшто не се променил. Само таа. Го заменила оптимизмот со горчливото искуство и всушност навикнала да живее со него. И многу покасно разбира, дека во замката не е само таа. Таму е и тој. Таму се и децата. Единственото нешто што успеало да побегне од замката е љубовта.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk