Луѓето кои се анксиозни во меѓучовечките односи и кои имаат помалку блиски врски, подобро предвидуваат што ќе им се свиѓа на некому.
Како бирате подароци за пријатели? Размислувате што би можело да им се допадне или купувате она што вас ви се допаѓа? Ако го правите ова другото, тогаш ги наметнувате вашите ставови кон вашите пријатели, претпоставувајќи дека ќе го споделат вашиот вкус. Тоа е механизам наречен социјална проекција.
Претпоставката на научниците беше дека сигурните луѓе со многу пријатели и здрави меѓучовечки односи би имале подобра идеја за тоа што некој би сакал да добие подарок, но не е така. Истражувањето спроведено на 1.272 луѓе покажа дека луѓето кои се анксиозни во меѓучовечките односи и кои имаат помалку блиски врски подобро предвидуваат што ќе им се допадне на другите.
Инаку, поединците кои припаѓаат на сигурен тип очекуваат другите да бидат таму за нив кога им се потребни. Анксиозните типови имаат пониски очекувања од другите и постојано се грижат за односите. Првиот тип е најчесто постар, со повисоки приходи и стабилни односи, додека анксиозните се почесто помлади, сингел и со пониски приходи.