After Midnight

Кој изневерил еднаш, ќе го направи тоа повторно

Луѓето што ја измамиле другата страна и започнале нова врска се карактеризираат како проблематични во лојалноста и се склони да го повторат истото.

Вашето момче ја изневерил тогашната девојката со вас. Вие сте го украле од нејзе, изгледа лесно и безболно. Можеби сте среќни, но треба да знаете дека шансите се големи и вие еден ден да бидете оставени на истиот принцип, – вели истражувачот Џошуа Фостер, кој се обидел да утврди дали измамникот секогаш мами.

Научници од Јужна Алабама направиле истражување  на примерок од 443 испитаници, поставувајќи им прашање за степенот на лојалноста и задоволството во врската. Истражувањето покажа дека неверниците обично се “повратници” на местото на злосторството.

Луѓе кои ја измамиле другата страна и се впуштиле во нова врска се карактеризираат како проблематични во лојалноста и имаат тенденција да го повторат истото.

Еден тим на научници од Јужна Алабама во текот на истражувањето откриле дека поголеми измамници се интровертни личности, а не оние кои отворено флертуваат.

Напиши коментар