After Midnight

Колку долго треба да трае сексот за жената максимално да може да ужива?

Истражувањата покажаа дека просечното траење на сексот без предиградата е од 5,5 до 7,5 минути. Но, дали е тоа доволно жената да ужива максимално во сексот? Дознајте во продолжение на текстот.

Неколку различни студии покажаа дека кај повеќето парови сексот трае помеѓу 5,5 и 7,5 минути, не вклучувајќи ја предиграта важна за целосно сексуално уживање.
Со оглед на денешниот убрзан начин на живот воопшто не зачудува тоа дека уживањето во заедничите моменти со партнерот се сведуваат само на неколку кратки минути. Сепак следниот податок би требало да ги мотивира паровите да разменуваат повеќе нежности и да не го сведуваат сексот само на брза и механичка работа.

Воедно, жените за целосно да уживаат во сексот посакуваат сексуалниот чин да трае малку подолго. Истражувањето на списанието “Journal of Sex Research” откри дека жените сакаат предигра која ќе трае 11 до 13 минути,а потоа 14 до 16 минути сексуален однос од моментот на пенетрација.

Секогаш ги поттикнувам паровите да уживаат во што подолга предигра пред самиот чин на сексот. Што повеќе предигра, тоа поголемо ќе биде нивото на возбуда и вие полесно ќе постигнете оргазам, советува Иан Кернер, сексуален и брачен терапевт.

Write A Comment