← НАЗАД НА БОЗА

Лицата кои се во врска во просек се поправаат и до 16 килограми

Лицата кои се во врска во просек се поправаат и до 16 килограми
16 Читања

Љубовта носи среќа и радост, но исто така и неколку екстра килограми. Откри истражувањето за кое беа собрани 2.000 лица во врска, а кои во просек се поправиле 16 килограми откако започнале да излегуваат со партнерот, од кои  речиси осум килограми се поправиле само во првата година.

Дури 69 проценти од мажите и 45 проценти од жените признаа дека се поправиле. За љубовната тежина 41 проценти од луѓето ги обвинуваат честите излегувања во ресторани во првата година од врската, додека на второ место е заедничкото готвење дома (34 проценти).

Испитаниците се изјасниле дека тие се чувствуваат удобно во нова врска и не чувствуваат притисок да изгледаат најдобро (64 проценти). Во просек, тоа чувство се јавува по година и пет месеци, според резултатите. Лицата на возраст помеѓу 18 и 24 години во оваа фаза на удобност влегуваат порано, поточно по десет месеци, додека на лицата на возраст помеѓу 45 и 54 години им треба дури година и пол за да почнат да се чувствуваат така.

Втората причина за зголемување на телесната тежина е бракот. Речиси 57 проценти од испитаниците признале дека во просек добиваат осум килограми на тежина во првата година од бракот. Мажите проценуваат дека во првата година од бракот имале два пати поголема тежина од своите сопруги.

Според истражувањето, до зголемувањето на тежината доаѓа во првите пет години од бракот. Најголемата причина поради која луѓето не се грижат толку многу за сопственото тело е основањето на семејство(42 проценти).

Но, по некое време, повеќето се обидуваат да ослабнат. 55 проценти од нив вели дека тоа им тргнало од рака во изминатата година, а просечниот учесник ослабнал до седум килограми во изминатите 365 дена.

Од друга страна, партнерите се најдобрите мотиватори. 52 проценти од испитаниците вежбаат со партнерот, а 60 отсто од нив во парови сехранат здраво. 40 проценти признаваат дека ги прават и двете.

Заедничките вежби и здравата исхрана имаат многу предности бидејќи тие што работат покрај партнерот имаат два пати поголема шанса да ослабнат од оние кои не го прават тоа, но исто така, два пати повеќе изјавуваат дека се среќни и задоволни со односот.

Загубата на партнерот, исто така, е еден од најголемите мотиватори за губење на тежината. Кај мажите почесто (21 проценти) отколку кај жените (14 проценти).

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk