After Midnight

Љубовна хемија – мит или реалност?!

Многу луѓе ја бараат личноста со која ќе ја почуствуваат “хемијата”. Но произлегло дека таа е неверодостоен показател на иднината на врската. Се што правиме во животот започнува од внатрешниот систем на вредности во кој гледаме секогаш кога носиме некоја одлука.

Мистериозната хемија исто така е наша реакција на тоа што мислиме дека припаѓа во нашиот систем на вредности. Хемијата неможе да се дефинира бидејќи нашите вредности се несвесни.

Проблемот е тоа што во брзиот свет на денешницата имаме малку време за навистина да запознаеме некој, па нашите вредносни судови ги носиме врз основа на надворешни фактори (изгледот и моменталното однесување). Меѓутоа изгледот знае и да излаже.

Од друга страна, постои митот “привлекување на спротивностите” кој всушност и не постои. Всушност вистинските спротивности на магнетното поле навистина се привлекуваат, но луѓето не се магнети. Тоа што можеме да го препознаеме е дека личноста научила одредени правила на однесување, но има различен систем на вредности. Таа ќе му се допадне на тој човек кој има спротивни вредности. Во реалноста се покажало дека ако некој женски систем на вредности е отелотворен во некој маж, тој на нејзе ќе и се допадне и поради тоа само ја привлекува.

Хемијата може да се почувствува и со некој странец, но мора да има доволно вербални информации за да може да се спореди со нашите вредности.

Често се случува системот на вредности да се дознае после некое време, а хемијата да исчезне и после тоа не постои ниедна причина за врската да успее. Затоа колку подобро го запознаете вашиот систем на вредности, подобро ќе разберете зошто некој ве привлекува и нема да правите непромислени чекори.

Write A Comment