← НАЗАД НА БОЗА

Љубовта е секс, но и галење и апстиненција…

Љубовта е секс, но и галење и апстиненција…
102 Читања

Љубовта, слично како и прашањето што се случува откако ќе умреме, останува вечна мистерија.

Песни, романи, филмови и поеми посветени на најсилната човечка емоција, и сè уште не можеме да пронајдеме конкретен и точен одговор.

Некои велат дека се виновни феромоните и љубовта не е ништо повеќе од обичен хемиски процес. Други убедуваат дека е навика, трети дека е непостојана и минлива, четврти дека е непотребна и преценета…

Па што е љубов? Има ли некој да го гукне точниот одговор? Кој пријател да го повикаме на помош?

Вистината е дека секој од нас поинаку ја поимува љубовта. За некого тоа се славните пеперутки во стомакот, проследени со силно пулсирање на срцето и недостаток на здив и плунка.

За некого љубовта е постојано, стабилно, сигурно чувство лишено од адреналин и неизвесност.

За мене можеби врвен љубовен чин е песна која ти ја посветил саканиот, за друг многу веројатно е дека тоа е смешно или патетично.

Тоа што јас го сметам и доживувам како љубов, не мора да важи за тебе и обратно.

За одредени парови љубовта е гледање филмови и сериички и бескрајни дискусии за истите, за некои искачувањето на планина е љубов.

Љубовта е спонтана, но може да се пронајде и на договорен состанок.

Љубовта е дом и семејство, но таа може да биде и номадско крстосување низ светот.

Љубовта е гламурозна свадба, но некогаш е и живот со партнерот без озаконување на врската.

Љубовта е секс, но и галење и апстиненција. Љубовта е торнадо и мирно пловење.

Некои ја слават љубовта бурно, други пак посмирено. Некои се експресивни и не можат да ги сопрат емоциите, а дел грижливо си ги чуваат, подалеку од сечии очи и уши.

Но, тоа не значи дека некои се сакаат помалку или повеќе. Едноставно – се сакаат различно.

Си нашле што им одговара и тоа е веројатно најфината работа на светот.

На крајот од денот не се важни дефинициите и теориите за љубовта.

Важно е дека сте ја пронашле онаква каква што вам ви одговара и ве прави среќни.

Немате потреба да се докажувате дали е правилно или погрешно, бидејќи не сме сите од истиот калап.

Мојата и твојата перцепција се различни, важно е да сакаме и да бидеме сакани.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk