← НАЗАД НА БОЗА

Љубовта е слепа, ама затоа бракот ги отвора очите?

Љубовта е слепа, ама затоа бракот ги отвора очите?
36 Читања

Дали од самиот почеток на една врска помеѓу момче и девојка тие создаваат нереални очекувања? И кај двајцата се создава потреба на состанокот да се покажат во најдобро светло, па така секој ја облекува својата најдобра облека, ја разубавува својата надворешност а понекогаш и се однесува неприродно. Таа неприродност се чини дека доаѓа од желбата да се создаде впечаток на усогласенот помеѓу партнерите, често произведувајќи вештачка смисла за хумор и впечаток дека партнерите се материјално сигурни. Така се раѓа тн. љубовно слепило. Преувеличувајќи ги добрите страни и особини кај партнерот заљубените не гледаат ниту една лоша страна во карактерните особини кај него. Љубовта е убава, состаноците долги и романтични, полни со чести и понекогаш нереални комплименти.

Одлуката за стапување во брак е важен но не и клучен сегмент од развитокот на љубовната врска меѓу партнерите. Венчавката е вистинско славење на љубовта, но откако ќе се затворат вратите и партнерите ќе го доживеат реалниот заеднички живот тогаш полека почуваа да ги стасува вистинската слика за тоа кои се навистина. Повеќе пред партнерот не се носи само најдобрата одблека, надворешноста не е возможно да е секогаш перфектна, се појавуваат вистинските карактерни црти а со тоа и можните несогласувања. Навиките кај двајцата партнери се различни и тие се судруваат во нивната реализација. Покрај тоа, партнерите понекогаш се чувствуваат крајно ограничено, приметувајќи смален простор за слободно однесување наметнато од партнерот.Сексуалниот живот кој на почетокот донесувал задоволство и бил често практикуван со текот на годините можно е да допринесе некој од партнерите да се чувствува незадоволно и досадно односно да не го доживува повеќе самиот чин со толкава возбуда.

Но, тоа не значи дека љубовта е мртва. Таа само е модифицирана. Замислете дека поминува тест на зрелост. Станува “полнолетна”. Партнерите не смеат да ја заборават причината зошто стапиле во брак и тоа интензивно чувство што го чувствувале еден за друг тогаш.

После се треба да се запрашаме дали е точна изреката дека љубовта е слепа ама бракот ги отвора очите? Или пак можеби треба да биде обратно-пред бракот очите се ширум отворени, а во бракот треба понекогаш да се замижи. Што велите вие?

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk