After Midnight

Луѓето кои се занимаваат со овие професии често ги мамат своите партнери

На прашањето како можете да идентификувате неверен партнер речиси е невозможно да се одговори.

Но, според новото австралиско истражување, професијата на една личност може да обезбеди одредени индикации во врска со лојалноста.

Во анкетата спроведена од локална страна за организирање на љубовни средби и средби на парови Викторија Милан, учествуваа 5.650 корисници на оваа платформа за запознавање.

Истражувањето покажа дека личностите кои се под голем притисок и работат во областа на финансии најпрви ќе бидат подготвени да ги измамат своите партнери.

Покрај тоа, 21 процент од анкетираните жени (корисници на оваа платформа), кои имале афера беа банкарки, брокерки и аналитичарки. Втората најзастапена група се состои од 15 проценти од нив кои посочија дека работат во авионската индустрија – стјуардеси и пилоти.

Дури 65 % од вработените жени признале дека спијат со колега од работа, а 85 % рекле дека никогаш не би го препорачале тоа.

Кога станува збор за неверниците, Луен Вард, австралиски експерт за љубовни односи, вели дека има неколку видови на неверници. Најчести се три – случајни неверници, еднаш и никогаш повторно и сериски неверници.

Девет професии кои најмногу изневеруваат:

  • Финансии
  • Воздухопловна индустрија
  • Здравствени работници
  • Бизнис
  • Спорт
  • Уметност
  • Работници во ноќни клубови
  • Правна индустрија
  • Комуникации

Write A Comment